оне.Вип: Лидер во бројот на корисници на мобилна телефонија со најголем инвестициски капацитет 

67

one vip logo

Телеком Австрија Групацијата ги објави финансиските резултати за 2015 година вклучувајќи ги и резултатите од работењето во Македонија.

“Спојувањето со поранешниот трет по големина мобилен оператор ја зацврсти позицијата на оне.Вип како број еден оператор на пазарот на мобилната телефонија во Македонија. На крајот на 2015 оне.Вип имаше корисничка база од 1.163.000 корисници и достигна пазарен удел од 53,7%. По аквизицијата на Близу и неколкуте помали кабелски оператори, како и по спојувањето со ОНЕ, на крајот на 2015 , сегментот Македонија брои околу 145.000 корисници на фиксни пристапни линии“, се вели во соопштението.

Во Република Македонија, годишните резултати за 2015 година ги вклучуваат и уделите на ОНЕ и Близу Македонија и тоа – по спојувањето со ОНЕ завршено на први октомври 2015 г. резултатите се консолидирани за четвртиот квартал од 2015 г., а од Близу, аквизиран во јули 2014 г., за цела 2015 г.

Приходите во Македонија пораснаа за речиси 30% споредено со минатата година и изнесуваат речиси 80 милиони евра. Заработката пред камати, даноци, депрецијација и амортизација (ЕБИДТА) на сегментот Македонија е зголемена за 33,6% во 2015 г. споредено со минатата година и изнесува 16.821.000 евра. Заработката пред камати и даноци (ЕБИТ) се зголеми за речиси 77% и го намали негативниот тренд до негатива од речиси 609.000 евра.

“Капиталните трошоци беа водени од инвестиции во мобилната и фиксната мрежа и беа значително повисоки во 2015 г. споредено со 2014 г. и изнесуваа  21.455.000 евра. Нето добивката на крајот на 2015 г. беа негативни 1.443.000 евра“, стои подолу во соопштението.

Сегментот Македонија од Телеком Австрија Групацијата ги вклучува резултатите од работењето на оне.Вип ДОО Скопје – компанија основана со спојувањето на телекомуникациските оператори Вип и ОНЕ во октомври 2015 г. при што Телеком Австрија Групацијата има 55% удел и единствена контрола над ново формираниот ентитет оне.Вип, а Групацијата Телеком Словеније има удел од 45%. Аквизицијата на Близу Македонија што заврши на 30-ти јули 2014 г. претставува значаен чекор во реализација на стратегијата за конвергенција на Телеком Австрија Групацијата.

Во првиот квартал од 2015 г., по аквизицијата на кабелскиот оператор Близу Македонија од страна на Телеком Австрија Групацијата, првите конвергентни производи беа лансирани од страна на Вип. Преку аквизиција на помали кабелски оператори во 2015 г., македонскиот сегмент на Телеком Австрија Групацијата достигна покриеност од околу 240.000 домаќинства. Во 2015 г. оне.Вип започна со инвестиции во нова мобилна мрежа и модернизација на инфраструктурата на фиксната мрежа, која ќе продолжи во 2016 г. и до крајот на 2016 г. ќе обезбеди најнапредна мобилна технологија низ цела Македонија.

Телеком Австрија Групацијата (VSE: TKA, OTC US: TKAGY) вчера вечерта ги објави финансиски резултати за 2015 година заклучно со 31-ви декември 2015 година.