Голема временска дистанца меѓу два лета или пак одложување на летот за неколку часа, за патниците од целиот свет претставува вистински проблем.
Неколку аеродроми во светот најдоа интересен начин како да им го пополнат времето за чекање на патниците – преку гледање филм во кино сала. Порталот Contemporist објави листа на шест аеродроми во светот каде што патниците гледаат филмови додека го чекаат својот лет.
Changi аеродром во Сингапур
Овој аеродром располага со две кино сали, лоцирани на терминалите 2 и 3. Влезот во кино салата е бесплатен, а истото е отворено 24 часа.
Minneapolis Saint Paul интернационален аеродром во Минесота, САД
Во овој аеродром е сместена мала кино сала под името See 18 film screening room, којашто е отворена 24 часа, седум дена во неделата.
Indira Gandhi меѓународен аеродром во Делхи, Индија
Патниците што го чекаат својот лет на овој аеродром може да добијат малку поинакво искуство, бидејќи кино салата iRido 6D cinema theatre има седишта што се движат. Додека го гледаат филмот може да уживаат и во некој од 20-те специјални ефекти, како што се меурчиња или снег.
Hong Kong меѓународен аеродром во Хонг Конг
Ua Imax theatre е кино сала лоцирана во терминалот број 2 на овој аеродром и е отворено за посетители секој ден во период 11 до 22 часот.
Incheon аеродром во Сеул, Јужна Кореја
На овој аеродром има две кино сали, коишто работат секој ден од 9 до 23 часот и проектираат големи светски филмски хитови.
Portland интернационален аеродром во Орегон, САД
На овој аеродром во тек е изградбата на кино сали, коишто би требало да бидат во таканаречениот vintage стил и ќе се прикажуваат кратки филмови за Орегон.