Томислав Јуратовац од Хрватска е дизајнер на иновативен заштитен материјал Helloquent, којшто го намалува зрачењето од мобилните уреди, пишува Пословни дневник.
Големиот број направени проби и испитувања покажуваат дека зрачењето на мобилните уреди преку овој производ се намалува за 98%. Заштитниот ефект е мерен на близина од пет и 30 сантиметри, којшто за време на телефонски разговор е високи 98%.
“Заштитниот материјал има неколку важни конкурентни предности во однос на различните решенија што се присутни во светот. Научно е тестиран и е потврдена неговата ефикасност, што автоматски го одвојува од сите други алтернативни решенија“, вели Јуратовац
Заштитниот материјал, според него, има одлични рефлексивни, но и апсорбирачки својства, што овозможува висок заштитен ефект кога мобилниот уред ќе се постави во близина на главата.
Производот има и заштитна преграда за безконтактни кредитни или дебитни картички, со што спречува евентуална злоупотреба на податоци или хакерски напад.