Претставници на ФФРМ на студиски престој во Унгарија

50

getImageThumbnailПретставници од Федерацијата на фармерите на РМ ќе престојуваат на студиски престој во Унгарија каде што ќе се сретнат со градинари, претпријатија и владини институции кои работат на развој на земјоделството во Унгарија.

Студиското патување има за цел реализирање на средби и размена на искуства со унгарските земјоделции и институции во полето на кооперативите и градинарствто.

На 12 февруари ќе биде реализирана првата средба со Амбасадорот на РМ во Унгарија, Дарко Ангелов, каде што македонската амбасада целосно учествува во организацијата на самите средби.

Во рамките на тридневниот престој во Унгарија ќе се реализираат средби во Министерството за земјоделство каде што ќе се разговара за Системот на финансиска поддршка на ЕУ за групи на производители и организации на производители во секторот градинарството.

Состанокот со Истван Јакаб, потпретседател на унгарскиот парламент и претседател на Национална асоцијација на здруженија на унгарските фармери и кооперативи ќе биде една од главните средби.

Престојот е реализиран од Федерацијата на фармерите и консултанстката куќа МЦГ, а поддржан од Агбиз програмата на УСАИД.