ДЗС: Преработувачката индустрија генерираше 26,2% од бруто-додадената вредност во 2025 година

Преработувачката индустрија има најголемо учество од 26.2 % во бруто-додадената вредност во 2025 година

Во 2025 година, 70843 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од
2 226 478 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 522 087 милиони денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најголем промет од 38.7 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.5 %.

Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 26.2 %, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 20.0 %, Градежништвото со 10.0 % и Телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски дејности, компјутерска инфраструктура и други информатички дејности со 9.2 %.

2025 година, претходни податоци:

  • 70 843 активни претпријатија
  • 428 235 вработени лица
  • 2 226 478 милиони денари промет
  • 522 087 милиони денари бруто-додадена вредност
    Фото: Gemini