Македонската креативна агенција Пи Ворлд, овој четврток и петок во Акра, во партнерство со Претседателот на Република Гана го организира првиот интернационален настан за односи со јавноста во Западна Африка.
Со презентации на најголемите светски и регионални експерти за односи со јавноста, меѓу кои се и поранешните советници на двајца американски претседатели и британската кралска фамилија, Global PR Summit Accra, има за цел да и ги претстави најновите PR трендови на африканската бизнис заедница и да ја позиционира Гана како регионален бизнис центар во Западна Африка.
„Особена чест е што токму ние бевме лично избрани од страна на Претседателот на Гана да го организираме овој голем настан и искрено се надевам настанот ќе придонесе кон развивањето на индустријата за односи со јавноста во Западна Африка“, изјави Коста Петров, основач и извршен директор на Пи Ворлд.
Основана во 2011 година, македонската Пи Ворлд е лидер во индустријата за настани во повеќе од 30 земји во светот. Агенцијата беше и првата странска агенција на која и е дозволено да работи во Иран, а освен во Гана, оваа година Пи Ворлд ќе организира настани и во Турција, Азербејџан, Бахреин, Индија, Исланд, Турција, Мароко, Либан и Катар, стои во соопштението.