Месната индустрија Равлиќ од Осиек, Хрватска, за 55 годишнината од постоењето на компанијата на пазарот пушти нов производ, Славонска бонбониера. Оваа бонбониера не е чоколадна, туку содржи кулен, колбас, сланина, чварки и шише вино.
“Идејата се роди од потребата за деловен подарок, а сакавме нешто оригинално, различно од сè што досега се наоѓа на пазарот”, вели сопственичката Ивана Равлиќ за Т-портал.
Бонбониерите се продаваат во месарниците на компанијата, но претходно треба да се нарачаат преку интернет. Се продаваат во две варијанти, една поексклузивна (кулен, сланина, чварки и вино) и една со попристапна цена (колбас, сланина, чварки и шише вино).