Резервација на Samsung Galaxy S7 и S7 edge во продажните салони на Вип брендот

42

Samsung Galaxy S7

Само два дена по светската премиера во Барселона што се одржа на 21-ви февруари, најновата генерација на паметни телефони од Samsung наскоро пристигнуваат и во Македонија, а веќе од денеска се достапни за резервација во продажните салони на Вип брендот, стои во соопштението.

Од денеска, во сите продажни места под Вип брендот, како и преку Купи Онлајн на www.vip.mk, корисниците ја добиваат можноста да бидат првите што во земјава ќе го имаат новиот Samsung Galaxy S7 и S7 edge. Со потпишување договор за продажба на телефон со одложен рок на испорака и аванс од 2.999 ден, можат да го резервираат еден од најпосакуваните паметни телефони во светот. Веднаш по пристигнување на телефонот, корисниците ќе добијат  известување дека веќе е достапен во продажното место каде што ја направиле резервацијата, а при подигнување на телефонот корисниците добиваат и специјален подарок – уред за виртуелна реалност Samsung VR (Model R233).

Елегантниот и со префинет дизајн Samsung Galaxy S7, како и уникатниот, двојно заоблен Samsung Galaxy S7 edge, се изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Заштитен со најновото стакло Gorilla, фасцинантниот QHD Super AMOLED дисплеј од 5.1 инчи кај Galaxy S7 односно 5,5 инчи кај Galaxy S7 edge, нуди живописни фотографии и видеа. Новите екрани со функција на постојана вклученост (Always On) на корисниците им овозможуваат едноставно користење без  да се грижат за пропуштен повик или информација.

Батеријата на Galaxy S7 и Galaxy S7 edge се надополнува безжично, a Dual Pixel  камерата овозможува снимање на поостри и посветли фотографии дури и во услови на слаба осветленост. Благодарение на овој технолошки исчекор, како и поголемиот отвор на блендата и поголемиот број на пиксели, камерата нуди побрзо фотографирање и попрецизен авто – фокус. Без разлика дали се фотографира селфи или спектакуларно зајдисонце, предната 5МР и задната 12МР дуал пиксел камера се подготвени во секој момент да го “заробат“ секој убав миг. Новиот режим на работа наречен Motion Panorama носи движење на вообичаените панорамски фотографии, давајќи им на корисниците поинтензивно искуство на фотографирање.

Најновите Samsung Galaxy S7 и S7 edge стануваат уште попрактични во секојдневната употреба со IP68 сертифицирана отпорност на вода и прашина без притоа да се наруши дизајнот на производите.

Samsung дополнително ги подобри перформансите на хардверот и софтверот за уште подобро корисничко искуство. Зголемениот капацитет на RAM меморијата до 4GB, како и дополнителната можност за мемориска картичка од дури 200GB, овозможуваат непреченo работење на самиот уред и непречено складирање на сите потребни податоци.

Телефоните официјално ќе бидат достапни за продажба од 11-ти март по цена од 17.999 денари за Samsung S7 и 23.999 денари за Samsung S7 edge во Vip Free NoLimit тарифниот модел.