Регионална средба на жени претприемачи од БиХ, Македонија, Србија и Албанија

39

IMG_2295

Како резултат на заедничка соработка помеѓу ЦЕЕД, Проектот на УСАИД за Регионален економски раст (USAID REG) и USAID Gold проектот, на 10 март 2016 година во Сараево ќе се одржи Бизнис форум за жени претприемачи од регионот. Настанот се организира како дел од Неделата на женско претприемништво (7 до 11-ти март), а во рамките на форумот ќе се одржат и Б2Б средби меѓу компании од Босна и Херцеговина, Србија, Македонија и Албанија. Локацијата на настанот е Надворешно – трговска комора на Босна и Херцеговина.

Главниот фокус на овој бизнис форум ќе биде на жените претприемачи, но настанот е отворен за сите компании коишто сакаат да остварат контакти и да учествуваат на средби со потенцијални соработници и претприемачи од горенаведените земји.

За повеќе информации, сите заинтересирани можат да се обратат до Биљана Рамљак на [email protected] или Ана Трповска на [email protected]. Крајниот рок за пријавување е 29 февруари, 2016 година.