Основачот на Алибаба и вториот најбогат човек во Кина, Џек Ма, купи имот со лозје во Бордо, Франција, пишува Decanter. Освен лозјето, имотот Chateau de Sours којшто се протега на 85 хектари земјиште вклучува и замок од 18-от век.
Моментално имотот се реконструира, во што спаѓа и ископување на винските подруми. Во овој француски град познат по производството на вино има повеќе од 100 лозја што се во сопственост на кинески магнати. Кина е број еден консумент на црвено вино во светот и водечки пазар за негова дистрибуција.
Планот на богатиот Кинез е да се претворат подрумите во складиште на буриња и музеј на вино, а проектот се очекува да биде комплетиран до крајот на летото.
Според Forbes, богатството на Ма се проценува на 21,5 милијарди долари.