Lidl ќе отвори 20 малопродажни објекти во Србија следната година

43

lidl

Германскиот трговски ланец Lidl до крајот на 2017 година ќе изгради 20 малопродажни објекти во Србија, најавија вчера претставници на компанијата на средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, јавува Танјуг.

Првиот малопродажен објект на овој трговец веќе е изграден во Смедерево, а во текот на оваа и следната година ќе бидат изградени уште 20. До мај 2017 година ќе биде завршен дистрибутивниот центар во Нова Пазова. Потоа, истовремено ќе се отворат сите малопродажни објекти, во кои ќе се вработат околу 1.000 луѓе.

Долгорочниот план на оваа компанија е во Србија да отвори 100 малопродажни објекти.