Фотосторија: Една сабота со CEED EDU

49

Kако да ја преземете контролата во вашиот живот за да се движите напред? Одговорот е во планирањето! Првиот чекор во планирањето е поставување цели. За да ги постигнете своите цели, мора да се фокусирате на нив.

Вака ја почнаа минатата сабота децата од CEED EDU на возраст од 13 до 19 години. Тие дискутираа на тема Развивање на вештини за добивање финансиска независност, што ја водеше м-р Билјана Пешева, професионален обучувач.

1

На средбата децата требаше да размислат на тема колку реално ги чинат нивните родители, дали се свесни колку од домашниот буџет се одвојува за нив, каков е нивниот однос кон парите и дали се совпаѓа со тој на родителите.

2

Преку различни техники за споредба, можеа да ги следат своите трошоци и реалните потреби, да направат анализа колку пари месечно добиваат од родителите, а колку трошат.

3

Беа ставени пред предизвик да размислат како и колку можат да заштедат? Дали имаат план за рационално трошење на парите? На што ги трошат парите? Дали се среќни со тоа што го купуваат?

4

Средбата се одржа во Hub Скопје. CEED EDU, како дел од ЦЕЕД Македонија, е програма која го доближува претприемачкиот дух до децата и младите. Програмата е изградена врз основа на знаењата и искуствата на експерти од областа на едукацијата, како и на искуствата од менаџери, претприемачи и психолози.

ЦЕЕД ЕДУ е креирана да ја надополни потребата на децата и младите успешно да влезат во светот на идните професии и да развијат вештини за успешно искористување на нивниот избор, притоа развивајќи го својот креативен и духовен аспект.

5

Доколку сакате да бидете и вие дел од нас, побрзајте да се пријавите! За повеќе информации, пишете на [email protected] или [email protected] или обратете се на координаторот Цанка Велкова: 075 295 075.