Почнува RoboMac – седми меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција

52

RoboMac 2016

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска се отвора седмиот меѓународен натпревар за роботика и вештачка интелигенција RoboMac 2016, кој ќе трае до 13 март 2016 година.

На овогодинешниот натпревар ќе учествуваат 65 натпреварувачи од земјава и 15 натпреварувачи од странство. RoboMac 2016 вклучува низа работилници и предавања на кои учесниците ќе се запознаат со роботиката и најновите научни достигнувања.

Исто така, учесниците ќе го применат своето знаење врз вистински роботи, а своите решенија ќе ги претстават на Финалниот натпревар, кој ќе се одржи на 12 март 2016 (сабота) во Домот на АРМ со почеток во 18 часот.

Предавањата и финалниот натпревар се отворени за јавноста. RoboMac 2016 година го организира студентскиот огранок на Македонската секција на Институтот за инженери од електротехника и електроника (IEEE) и Студентскиот парламент на ФЕИТ, а домаќин е Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.