Бензините поскапуваат за три денари, додека дизелот ќе се продава по цена повисока за 2,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 58 денари, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 60 денари за еден литар. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 43,50 денари за еден литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денари и ќе изнесува 32 ден/лит.