Шпанскиот моден бренд Zara, којшто е дел од гигантот Inditex, од следната недела почнува со онлајн продажба во Бугарија.
Од оваа недела, преку интернет, производите на Zara можат да се купуваат во Хрватска, Словачка и Чешка, а од следната недела, оваа услуга ќе биде пуштена во Бугарија, Финска и Унгарија, пишува софиски Дневник.
Во меѓувреме компанијата планира да отвори реални продавници во Нов Зеланд, Виетнам, Никарагва, Парагвај и Аруба.
Во 2015 година, компанијата отвори 330 нови Zara продавници, на 56 пазари, со што вкупната бројка достигнува 7.013 продавници во 88 земји. Во Европа има вкупно 148 Zara продажни места.