Романија е можен избор за изградба на нов производствен погон на словенечката компанија Горење, пишува Ziarul Financiar.
Минатата година Горење во Романија оствари 17 милиони евра приход и 30% раст на продажбата, вели Дамир Дражетиќ, генерален менаџер на романската подружница.
Овој произведувач на апарати за домаќинство веќе има погони во Словенија, Србија и Чешка.