Жито Маркети продолжува со својот карван да ги обиколува сите општини каде што има свој маркет и на тој начин да го обележува роденденот на маркетот. Караванот веќе започна минатата недела со посета на Валандово, овој викенд ќе биде во Велес, а потоа во план е да продолжи низ сите градови и општини каде Жито Маркети имаат отворено свој продажен објект.
Во Валандово на сите присутни гости и потрошувачи им беа овозможени големи поволности и изненадувања. Преку акциски ниски цени и промоции, посетителите имаа повод и причина за многу забава, музика, дегустации и дружење, а голем дел од нив добија и шанса да го завртат добро познатото тркало на среќата и да освојат вредни подароци. За најмладите беше изработено специјално катче за анимирање и фотографирање во рамки од омилените цртани ликови, како и цртање маски на лицата со природни бои.
„Минатата година имаше голема заинтересираност кај граѓаните за нашиот карван. Сите посети беа организирани со цел нашите потрошувачи да ги искористат поволностите и бенефитите што ги овозможува Жито Маркети. Големо е задоволството да им излезете во пресрет на барањата на лојалните купувачи. Интересот кој повторно се појавува како низ директните средби така и фејсбук страната на Жито Маркети е предвесник за одлична посетеност која ја очекуваме“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор во Жито Маркети.
Следна дестинација на карванот е градот Велес, поточно Жито Маркет Фонтана каде со граѓаните ќе биде прославен осмиот роденден и покрај планираната програма од карванот, ќе има и роденденска забава за одлична атмосфера со добра музика и многу насмевки.