Хрватскиот национален превозник Кроација ерлајнс викендов на сите патници од Скопје им нуди можност за купување повратен билет за голем број европски дестинации со цена од 139 евра. Оваа акција, која ќе трае од петок (28 септември) до недела (30 септември), се однесува за купување билет преку интернет-страницата на компанијата, а за билети купени на други продажбени места на авиопревозникот, се наплаќаат дополнителни 30 евра. Во цената инаку се вклучени аеродромските такси, надомест за издавање на авионскиот билет (ТСЦ), бесплатен превоз на едно парче багаж до 23 кг, храна и пијалаци во авион, печат, а патниците со летање собираат и наградни милји. Во оваа посебна понуда на патниците на располагање им се повратни авиобилети за летови од Скопје (преку Загреб) до Амстердам, Виена, Брисел, Франкфурт, Истанбул, Копенхаген, Лондон, Минхен, Париз, Подгорица, Приштина, Рим, Сараево и Цирих.












