БиХ пред социјален колапс: Стапката на невработеност на рекордни 44,4%

36

bih 1Стапката на невработеност во Босна и Херцеговина достигна рекордно ниво и според последните достапни статистички показатели изнесува дури 44,4%, објави Агенцијата за труд и вработување на БиХ.

Тие податоци се однесуваат на ноември 2012 година, а оние од последниот ден на декември 2012 говорат дека работа во БиХ бараат вкупно 550.574 лица, од кои нешто преку 50% се жени.

Статистиката бележи дека значајно зголемување на невработеноста следувало во втората половина на 2012. Скоро 60% од невработените се квалификувани и неквалификувани работници, додека 6,25% се со факултетски дипломи.