Дизелот поевтинува за еден, бензините поскапуваат за пола денар

37

benzin avtomobil

Дизелот поевтинува за еден, додека бензините поскапуваат за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61 денар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 63 денари за литар.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за еден денар, односно дизелот ќе чини 44 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,609 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 16,228 ден/кг.