Турција ќе привлекува туристи со потонат авион кај Кушадаси

19

kusadasi

Airbus A300 ќе биде “потонат” во Егејското море кај Кушадаси за да служи како гребен и да привлече туристи коишто сакаат да нуркаат во овој турски град. Авионот е расклопен во Истанбул, а во водите ќе биде потопен на 28 мај, пишува Хуријет.

Авионот е долг 54 метри, а 44 метри широк заедно со крилата. Ќе биде потопен на длабочина од 20 до 25 метри.

Со овој проект, Кушадаси се надева дека ќе го развие “нуркачкиот” туризам и ќе се зголеми бројот на гости.

Ова ќе биде четврти авион потопен да служи како туристичка атракција во Турција.