Неколку занимливости за една од најпознатите и најпопуларните компании во светот.
Nestlé е бренд што го има насекаде, но глобалната канцеларија се наоѓа во Швајцарија.
Компанијата претрпе многу промени пред да биде именувана со денешното име. Две од нив беа Condensed Milk Co. и Nestle Alimentana S.A.
Компанијата произведува многу различни производи – флаширана вода, храна за бебиња, кафе и чај, житарици, сладолед, грицки, храна за миленичиња, слатки, млечни производи, замрзната храна и уште многу други.
Во своето портфолио вклучува повеќе од 2.000 брендови, од кои 29 се меѓу најпопуларните во светот. Некои од нив се Maggi, Vittel, Nesquik, Smarties, Nescafé, Nespresso и Kit Kat.
Nestlé има 447 фабрики во 86 различни земји во светот, вработува 333.000 луѓе и ги продава своите производи во 196 земји.
Во 2011 година Nestle беше прогласена за најпрофитабилна корпорација во светот и се најде на листата на Fortune Global 500.
Во 2005 година ја купи грчката фирма Delta по цена од 240 милиони евра, а една година подоцна и американскиот производител на сладоледи Dreyer’s, по што стана најголем производител на сладолед во светот.
Првиот производ на компанијата беше Henri Nestle’s Infant Cereal, храна за бебиња. Тоа беа еден вид на житарки, а истите беа пуштени во продажба во 1867 година.
L’Oreal е најголемата козметичка компанија во светот, а Nestle е еден од најголемите акционери во неа.
Nescafe, еден од најпопуларните брендови во светот, за прв пат се појави на пазарот за време на Втората Светска војна и беше еден од главните пијалоци на војската.
Фото: Nestle