Фото: Pixabay
Ги знаеме, ги слушаме често, ги читаме, но никако да ги примениме. Време е да свртиме нов лист и конечно да ги послушаме следниве добронамерни совети.
Одвојте време да се запознаете себе си
Кога добро се познавате себе си, можете мудро да одлучите за вашите цели, соништа, стандарди и убедувања. Кога знаете што сакате, можете да живеете според ваши правила.
Насочен фокус носи големи резултати
Најголемата причина зошто луѓето се откажуваат толку брзо е тоа што гледаат уште колку далеку треба да одат за да ја постигнат целта, наместо да го согледаат патот што веќе го поминале. Малите победи можат да значат голем успех.
Присутност во сегашноста
Не мислете на минатото и не сонувајте за иднината, енергијата насочете ја кон моменталните случувања и бидете целосно присутни во сегашноста.
Бидете трпеливи и упорни
Смислата на животот не е во тоа што ќе го постигнете, туку во тоа што сте успеале да го надминете/пребродите.
За да добиете треба да дадете
Ако давате поддршка и ги водите другите луѓе, ако придонесувате во нивните животи, ќе бидете соодветно наградени.
Среќата доаѓа од напорната работа
Среќата се случува кога напорната работа, тајмингот и талентот ќе се пресретнат.
Не се обидувајте да ги импресионирате сите
Најнесреќни се оние луѓе што најмногу се грижат што мислат другите луѓе.
Не можете секогаш да го добиете тоа што го сакате
Што побрзо се помирите со фактот дека колку и да се трудите понекогаш нема да испадне онака како што сте сакале, толку подобро ќе биде за вас.
Не одлучувајте кога сте нервозни или премногу возбудени
Најдобрите одлуки се прават со мирна глава и чиста совест, а не кога емоциите – негативни или позитивни се на високо ниво.
Секогаш кога ќе се откажете, губите
Најсигурниот начин да се изгуби некоја битка е да се откажете од неа. Но, заморот, чувството на непријатност и обесхрабрувањето се само симптоми на вложениот труд.
Секој ден учете нешто ново
Размислувајте како студент. Ни за момент не помислувајте дека сте премногу стари да поставувате прашања или премногу мудри да научите нешто ново.