Пет психолошки трикови што ќе ве направат успешен продавач

141

prodazba

Фото: Pixabay

Техники, трикови или едноставно совети што ќе ви помогнат да станете подобар продавач. Еве што е потребно за усовршување на оваа вештина.

Способност за емпатија

Луѓето најчесто купуваат од оние во чие друштво се чувствуваат пријатно и со доволна доза на доверба. Кога продавачот покажува емпатија кон купувачот тој/таа точно знае кои се неговите проблеми и потреби и според тоа умее да понуди решение.

Способност за слушање и природна љубопитност

На претходната точка се надоврзува и следнава за огромната важност на слушањето. Речиси и нема шанси за остварување на продажба без внимателно слушање и поставување на клучните прашања.

Ефективна комуникација

Комуникацијата особено кај продавачите треба да биде ефективна, концизна и убедлива. Тонот на гласот, дикцијата и брзината на говорот треба да бидат прилагодени според темпераментот на клиентот. Во спротивно ќе се разминете уште со првата реченица.

Емотивна стабилност

Кога клиентот ќе покаже фрустрација, страв или бес, многу е важно продавачот да остане смирен. Способноста да влијаете на нечии емоции и емотивна стабилност е една од најважните особини на луѓето што работат во продажба.

Емоционална интелигенција

Во суштина емоционалната интелигенција ги вклучува сите претходно наведени точки. Емотивно интелигентната личност има и покажува емпатија, умее да комуницира на правилен начин, да слуша, стабилна е, способна е да разбере, предвиди и се однесува во согласност со чувствата на клиентот.