Туристички компании од Гевгелија на обука во Бугарија

56

vodo_04Претставници од дванаесет гевгелиски компании од областа на туризмот, денес престојуваат во бугарскиот град Гоце Делчев каде се одржува обука на тема Квалитет на услуга и грижа за клиентот.

Оваа обука е во рамки на проектот Вмрежување и трансфер на знаење за одржлив економски туристички развој, чиј што водечки партнер е Фондацијата за локален развој од Гевгелија, додека проектен партнер е организацијата Бизнис инкубатор од Гоце Делчев.

Обуката е кофинансирана од Европската унија, а има цел да се постигне размена на искуства и да се остварат контакти со претставници од областа на туризмот во градот домаќин на обуката, Гоце Делчев.