Вештачки земјотрес за висококатниците Скај Сити

43

Cevahir Izis (5)

Висококатниците Скај Сити покажаа голема отпорност на земјотрес. Со денешното испитување се покажа дека овие највисоки згради во Македонија имаат одлична отпорност на вештачки произведен земјотрес со магнитуда од 4 степени, стои во соопштението.

“Нашата градба беше вршена под постојан надзор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Нивната експертиза искомбинирана со нашето големо искуство во ваков тип на градби резултира со денешната потврда дека и во Македонија се можни високи градби со голема издржливост. Денеска и практично се докажа зошто овие 40 катници се најсигурни во Македонија”, изјави генералниот менаџер на Џеваир Македонија, Есер Џеваир.

Испитувањето се вршеше со техника на принуден земјотрес што се спроведува со вибратори кои произведуваат 5 тона хоризонтална сила. Неколкуте поставени вибратори се движат во круг и се влегува во резонанса, произведувајќи вибрации како вистински земјотрес со магнитуда од 4 степени. Во зградата беа поставени 200 мерни точки од каде се добива прецизна геометриска слика за движењето на зградата под дејство на вештачкиот земјотрес.

“Кога станува збор за локални земјотреси, повисоките згради имаат поголема флексибилност на издржување со оглед на тоа што периодaтa на конструкциите е на 2 секунди, а кога станува збор за Скопските локални земјотреси тие имаат периодa од 0,3 до 0,5 секунди што значи дека локалните земјотреси потешко или воопшто не ни ги побудиле ваквите згради. Затоа и повеќепати изјавувам дека високите згради се препорачливи како градби за Скопје и за останатите градови. Овие пак згради се поосетливи на далечни земјотреси коишто поради нивната мала енергија нема да имаат разорно дејство”, изјави професор д-р Михаил Гаревски, директор на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Со тестирањето се испитуваат динамичките карактеристики на зградите, што претставуваат нивна лична карта за безбедност, посебно во услови на земјотрес. Ваков тип на испитување е вршено и на Transаmerica пирамидата во Сан Франциско.