Bakeys е производител на прибор за јадење што може да се јаде откако ќе завршите со вашиот оброк, пишува Business Insider. Седиштето на овој старт – ап се наоѓа во Индија, а нивните производи можат во целост да го заменат пластичниот прибор што е голем загадувач на околината.
Производите на Bakeys вклучуваат цела линија на лажици, виљушки, стапчиња за јадење коишто се биоразградливи и вкусни. Во нивниот состав има најмногу јаглехидрати (7,64 грама), а во помали количини застапени се протеини, минерали, влакна, масти, каротин, фолна киселина, калциум и друго. Лажиците доаѓаат во три вкусови – слатка, солена и лажица без вкус, со цел да бидат соодветни на типот на храната што се консумира со нив.
Клиентите можат да одбираат и дополнителни вкусови на приборот како на пример лут, со вкус на кромид и домат, лук, ѓумбир, зачини и слично. Оние што сакаат посебна нарачка, треба да ги достават своите преференции три месеци однапред за да можат да се креираат цртежи, бои и форми според желбите.
Секое парче прибор е спакувано во специјално пакување кое не треба да стои во фрижидер. Се препорачува истото да се отвори непосредно пред јадење за да се зачува неговата свежината и крцкавост.