Jaguar Land Rover ќе им помогне на возачите да не ги заборават клучевите, паричникот…

47

2017-Land-Rover-Discovery-interior

Британскиот производител на автомобили Jaguar Land Rover најави соработка со стартапот Tile, чија цел ќе биде да им помогне на возачите да не го напуштат домот, автомобилот… без да ги заборават нивните лични предмети, пишува Tech Crunch.

Специјалност на овој старт – ап се водоотпорни плочки коишто со помош на Bluetooth и GPS технологија ги лоцираат објектите со коишто се поврзани. Најчесто се користат за приврзоци за клучеви, паричници и чанти, паметни телефони, како и за чанти за лап топ.

Преку оваа соработка, возачите на 2017 Land Rover Discovery Sport, премиум SUV автомобил, ќе можат да направат список на важни предмети и да го проверат секогаш кога ќе влезат во нивниот автомобил.

Кога корисникот ќе изгуби некој предмет што го има на списокот, може да ја активира мобилната апликација и да види дали предметот е во близина од 100 метри. Доколку е во таа близина, може да го активираат звучниот сигнал за да открие каде е загубениот предмет.