Vinnie’s Pizzeria, пицерија лоцирана во Бруклин, Њујорк, создаде кутија за пица којашто може да се јаде, пишува Abc News. Станува збор за кутија со истиот состав како и пицата во неа, со што купувачот добива двојно уживање.
Тројцата сопственици Џејкоб Петрера, Шон Бертјум и Хенрик Тончич заеднички го водат бизнисот уште од 2007 година, но сепак најзаслужен за оригиналната идеја е Шон. Откако видел колку многу кутии се фрлаат и колкава количина на отпад се прави, добил идеја за нешто сосема оригинално, вкусно и еколошко – да ги спакува своите пици во пица кутија.
Една ваква пица чини 40 долари, а доколку некој сака да нарача за носење, истата ќе биде дополнително спакувана во фолија за безбеден транспорт.