Lofty е флексибилно засолниште во форма на пирамида што може лесно да се постави и на тешко достапни места, пишува Inhabitat.
Наменето е да им помогне на оние кои сакаат да постават привремен шатор, а немаат соодветни алати и пристап до локацијата. Lofty може да се постави од авион, да се транспортира со камион, да го носат животни, па дури и да се носи во раце.
Засолништето е направено од ткаенина од бамбус, има четири потпорни столбови и мрежа од најлон што ги држи сите делови заедно и може да се трансформира во кревет.