Индустријата паѓа цела година

47

Повторно е регистриран пад на индустриското производство и тоа за цели 8,1% во август годинава во однос на истиот месец минатата година. Тоа значи дека македонската индустрија тоне веќе цела година, односно регистрира минуси во текот на 12 месеци.

Во првите осум месеци од годинава во однос на истиот период лани, пак, индустријата била во негатива од 7,1%.

Инаку, последен позитивен податок за индустриското производство беше регистриран во август минатата година, а од септември минатата година наваму индустријата постојано бележи намалување.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август бележи пораст од 9,4%, додека кај преработувачка индустрија имало опаѓање од 10,1%. Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 3,9%.

Производството на метали имало пад од 24%, што покажува дека кризата многу силно удрила врз оваа гранка и таа регистрира големи минуси. Значајно намналување има и кај производството на тутун, за 32,7%. Текстилот, пак, пораснал за 34,7%, а фармацијата бележи значаен раст од 51,3%.