Грешки во говорот на телото што предизвикуваат недоверба кај луѓето

nedoverba

Фото: Pixabay

Ова се најчестите гестикулации и положби на телото што влеваат недоверба кај соговорникот.

Навалување на главата наназад

Навалување на главата наназад и подигнување на брадата сигнализира ароганција. Ваквиот гест покажува дека личноста пред вас ја гледате од високо и тој/таа ќе помисли дека залудно бара искреност.

Слушање без воспоставување на контакт со очите

Истражувањата велат дека треба да се воспоставува контакт со очите 50% од времето кога зборувате и дури 70% од времето кога го слушате соговорникот. Во спротивно ќе изгледа дека сте незаинтересирани или дволични.

Допирање на лицето

Уште еден говор на телото што асоцира на неискреност е допирање на лицето. Без разлика дали ве чеша носот или очите ви се уморни, секој допир на лицето при разговор нема позитивна конотација.

Климање со глава за потврда или негодување

Не е ретка појава климање со главата во знак на потврда или негодување. Сепак не така како што изгледа, луѓето обично го мислат спротивното од тоа што го прават. Затоа добро внимавајте на овие гестикулации.

Ставање на раце во џеб или зад грб

Ова може да е и знак на нервоза, но обично се толкува како знак за недоверба. Ако ставете раце во џеб или зад грб изгледа како да се обидувате да скриете нешто.

Дланка свртена надолу или затворена тупаница

Оваа положба на раката се поврзува со агресија, супериорност и тоа дека сте затворени за соработка, нови идеи и слично. Тоа е многу погрешен чекор ако се обидувате да изградите врска со некого.

Вкочанети раце што не менуваат положба

Оние што лажат најчесто не ја менуваат положбата на рацете додека зборуваат, од причина што веруваат дека движењата ќе ги издадат.

Затворено тело

Под затворено тело за подразбира скрстени раце и слични потези со коишто некој се обидува да се прикрие на одреден начин. Тоа може да значи дека ви е ладно, се срамите или сте нервозни, но пред другите ќе изгледате дека сте неискрени.

Кревање на едно рамо

Кревање на раменици е генерално лоша идеја кога разговарате со некого, од причина што ќе асоцира на индиферентност, неинформираност и општо незадоволство. Но, креавање на едно рамо најчесто значи дека некој лаже.

Потпирање наназад или настрана

Ако се потпирате наназад или настрана вие всушност барате начин да избегате од соговорникот, состанокот или едноставно од разговорот. Не го практикувајте ова ако сакате да изгледате дека сте заинтересирани.