Фармацевтска компанија Јака 80 од Радовиш, во текот на првите три месеци од оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 14.836.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа загуба во висина од 7.335.000 денари.
Вкупните приходи од продажба беа на ниво од 21.215.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 12.567.000 денари, а на странски пазари отпаѓаат 8.648.000 денари.