Неколку интересни факти што ќе им користат на сите оние коишто се вклучени во продажба.
Фото: Pixabay
Повеќе од половина или 58% од компаниите не успеваат да ги постигнат проектираните годишни приходи.
Шеесет и еден процент од луѓето вклучени во продажба не ја исполнуваат својата годишна квота.
Дури 81% од потенцијалните клиенти не се заинтересирани за тоа што им се нуди сè до осмиот обид.
Седумдесет и шест проценти од продавачите се откажуваат по вториот обид.
Само 29% од времето на продавачите се троши за продажба.
Продажната индустрија вработува најмногу луѓе од било која друга индустрија во светот.
Шеесет и четири проценти од продавачите што не успеваат не е поради тоа што не умеат да продаваат, туку од причина што се наоѓаат на погрешно работно место.
Продавањето е поврзано со талент што значи дека и најдобриот тренинг ќе го подобри перформансот на продавачот за околу 20%.
Само 5% намалување на стапката на губење на клиенти може да го зголеми профитот од 25% до 80%.
Задоволување и задржување на постоечки клиент е од три до 10 пати поевтино од стекнувањето на нови купувачи.
Во просек, една компанија годишно губи од 10% до 30% од купувачите.
Дури 92% од сите интеракции со клиентите се случуваат преку телефон.
Осумдесет и пет проценти од корисниците не се задоволни од нивното телефонско искуство со продавачите.
Најуспешните продавачи користат Linked In шест часа неделно.
Во една компанија со 100 до 500 вработени, во просек седум луѓе се вклучени во повеќе одлуки поврзани со продажбата.
По извршена продажба презентација, 63% ги запомнуваат приказните, а само 5% ги помнат статистичките податоци.
Најмногу се памтат последните пет минути од презентацијата, затоа трудете се крајот да биде добар.
Дури на 80% од продавачите по одржаните презентации им се потребни пет follow – up повици по состанокот. Сепак, 44% од продавачите се откажуваат по првиот таков повик.