
Нашиот досегашен член на клубот Safe Life се пререгистрираше во нова агенција за застапување во осигурувањето како ексклузивна агенција на Граве осигурување АД Скопје во Family Partner и официјално почнаа со работа од 01.02.2016 година. Изминатите неколку години беа најдобра ексклузивна агенција за застапување на Граве осигурување АД Скопје и поради тоа им е овозможено да се пререгистрираат во нова агенција како Family Partner и да добијат нова ексклузивнa програма Family Partner, којa е именувана како и самата агенција и која е најкомплетната програма на пазарот за животно осигурување. Покрај оваа програма, оваа година портфолиото на Граве осигурување АД Скопје е збогатено со уште две нови програми, Граве Смарт и Граве Кидс (штедење и животно осигурување за деца и возрасни без лекарски преглед и ограничување поради некаква здравствена состојба), покрај досегашното богато портфолио со најразлични програми за секакви потреби (штедење, девизна пензија, животно осигурување, приватно здравствено осигурување, инвестициски програми…).














