Procter & Gamble, за својот бренд Head & Shoulders, во соработка со агенцијата Saatchi & Saatchi Лондон направи серија необични видеа за последната кампања Scalp Brave. Креативецот Rob the Original на главите на тројца клиенти ги избричи ликовите на актерката Софиа Вергара и спортистите Џовани Дос Сантос и Одел Бекам Јуниор.
Целта на кампањата е да ги поттикне луѓето да бидат храбри и да ја прослават самодовербата што им ја дава Head & Shoulders. А за вакви фризури, навистина треба храброст.
Погледнете ги видеата под фотографиите: