Струмица табак донесе предлог одлука за распределба на добивката што е остварена во 2015 година.
“Остварената нето добивка на Струмица табак, во согласност со одлуката за усвојување на годишната сметка за 2015 година, во износ од 4.997.7999 денари да се распредели за дивиденда на сите иматели на акции во Струмица табак“, стои во одлуката.
Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 55,05275 денари односно 1,775895% од номиналната вредност.
Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 30.06.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 01.07.2016 година.
Датум на евиденција според која се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2015 година е 06.07.2016 година.
Исплатата на дивиденда, како што се наведува, ќе се изврши во законски предвидениот рок.