Gorenje ќе го “оживее” легендарниот велосипед Pony

446

rog pony

Словенечки Gorenje во соработка со BTC management board ќе го оживеат познатиот велосипедски бренд Rog.

Со оваа соработка легендарниот велосипед Pony со подобрен изглед ќе се врати на улиците низ Словенија следната пролет.

“Исто како Gorenje, традицијата на Rog трае повеќе од 60 години. Тоа беше најпопуларниот велосипедски бренд во поранешна Југославија, а нивните производи беа исто така извезувани. Препознатливоста на брендот трае и до ден денес бидејќи 92% од потрошувачите во Словенија сè уште ги паметат велосипедите на Rog. Од таа причина, Gorenje и BTC решија да ги искористат своите ресурси и да го оживеат Pony и другите легендарни велосипеди, со свеж и подобрен дизајн“, стои на официјалната страница на Gorenje.

Велосипедите од брендот Rog ќе ги изработува новоформираната компанија GOR, во којашто ќе бидат вработени околу 10 луѓе. Понудата на новите велосипеди ќе биде фокусирана на квалитет и дизајн.