Децата честопати знаат да не послушаат и да излезат од дома без дозвола или ги забораваат мобилните телефони дома. Доколку го имате Kaspersky Safe Kids, ќе можете да лоцирате каде се наоѓа вашето дете и мобилниот телефон.
Еве како функционира опцијата Kaspersky Safe Kids:
1. Деца како деца, честопати знаат да не ве послушаат и да излезат од дома и без ваша дозвола или ги забораваат мобилните телефони дома. Доколку го имате Kaspersky Safe Kids, ќе можете да лоцирате каде се наоѓа вашето дете и мобилниот телефон.
За да започнете да го користите, отидете на порталот My Kaspersky и означете ја опцијата “Control location” за мобилниот телефон на вашето дете.
2. Сега ќе се поштедите себе си од дополнителни нервози и паника кога детето ќе задоцни дома од училиште затоа што ќе знаете точно каде се наоѓа. Само кликнете на линкот Where is my child? под името на вашето дете на порталот My Kaspersky и ќе ја видите неговата локација на мапата.
3. Доколку сакате да се осигурате дека детето ќе остане таму каде што сте се договориле, било да е тоа дома, на училиште или кај некој/а другар/ка, можете да добивате известувања секогаш кога тоа ќе го напушти периметарот кој сте го одобриле на страницата за ограничувања. Уште во истиот момент ќе дознаете дека вашето дете се оддалечило.
4. Да речеме, детето од понеделник до петок треба да биде на училиште од 8 часот наутро до 13 часот. Означете ја зоната околу училиштето со проширување, стеснување или придвижување на кругот на мапата. Потоа внесете ги деновите од седмицата и времетраењето. Можете дури и да го прилагодувате временскиот интервал за различни денови од седмицата кога распоредот на часови варира.
5. За крај притиснете ‘Finalize’ и можете да почнете со следењето!
Повеќе информации за Kaspersky Safe Kids можете да најдете на https://www.facebook.com/KasperskyMakedonija/app/987677957983721/.
Детали за Kaspersky Safe Kids на http://www.kabtel.mk/mk/kaspersky_products.html#kas_safe_kids и на 02 3103 235.