Стечајната управа на Ски – центарот Дурмитор распиша нов оглас за продажба на имотот на стечајниот должник по почетна цена од 1,09 милиони евра, што е за 25% помалку во однос на претходниот тендер.
Заинтересираните можат да доставуваат понуди до 30 јуни, пишува cdm.me.
Стечајната управа на Ски – центарот Дурмитор кон средината на февруари 2013 година го распиша првиот тендер за продажба на хотелот, земјиштето и 13 бунгалови на Жабљак, по почетна цена од 6,55 милиони евра. Од тогаш пропаднаа неколку јавни тендери, затоа што немаше заинтересирани.