На гала вечерта на ЕМЕА САБРЕ наградите, којашто се одржа во Берлин, за најдобра ПР агенција во Источна Европа за 2016 година е прогласена агенцијата Грејлинг.
Како причина за својата одлука, стручното жири го истакна придонесот на агенцијата за развој на индустријата Односи со јавност во регионот, како и мрежата на агенцијата, земајќи го предвид фактот дека агенцијата има 10 канцеларии во Средна и Источна Европа и во која работат преку 170 експерти за односи со јавност. Токму тоа овозможува развој и имплементација на некои од најинтересните регионални кампањи. Освен тоа, стручното жири го истакна и фактот дека и покрај тоа што голем број агенции од оваа област беа присилени да се затворат, агенцијата Грејлинг продолжи да расте и да се развива во Средна и Источна Европа. Тие, исто така, ја нагласија и важноста на Public Affairs како една од главните компоненти за раст на агенцијата.
Грејлинг е агенција којашто развива иновативни и интегрирани решенија и која брзо се прилагодува на потребите на клиентите и на пазарот. Агенцијата дејствува во интернационална мрежа која не познава граници, ниту меѓу држави, ниту меѓу дисциплините на дејствување.
Партнер на Грејлинг на македонскиот пазар е агенцијата за односи со јавност Елемент ПР, одговорна за комуникациски услуги во Македонија, Косово и Албанија. Ова партнерство постои и постојано се надградува веќе пет години.
“Да се биде партнер со една од најголемите и најеминентните агенции е потврда за нашата успешна работа, како и потврда за нашето знаење, искуство и експертиза во оваа област. Но сето ова е пред се за успех и бенефит на нашите клиенти. Им честитаме на нашите колеги за оваа награда, особено затоа што е во областа на Public affairs, каде што нашата професионална експертиза е во корист на повисоки цели и каде што има уште толку многу повеќе да се направи“, изјави Татјана Лопарски, основач и генерален менаџер на Елемент ПР.