Во близина на Приштина, Косово, во понеделникот е пуштена во употреба фабрика за производство на соларни панели, пишува Индикатор.ба.
Фабрика, Jaha energy solar company, ќе има капацитет за производство на 200.000 соларни панели годишно. Станува збор за германско – косовска инвестиција од пет милиони евра и овозможува отворање на 50 работни места.
Најголем дел од производите на оваа фабрика ќе бидат наменети за извоз.