Брзо и лесно до уредно биро

433

Просечното компјутерско биро, медиа центарот, па дури и електричните ормари вообичаено се исполнети со испреплетени жици и кабли. Овие гнезда не само што не се привлечни за гледање, туку и создаваат пречки во извршување на работата. Никогаш не можете да знаете како се поврзани уредите или може случајно да откачите некој кабел додека работите на вашиот компјутер. Со организирање на каблите спречувате несакани истегнувања и најважно, вашето работно биро изгледа уредно.

cables-under-the-desk-in-an-office-cr81jj

Сите го чекаме денот кога и струјата безжично ќе ги напојува електричните апарати. Во меѓувреме, погледнете ја нашата понуда на производи со кои ќе ја преземете контролата врз каблите и жиците, организирајќи ги и давајќи им правец да се лесно пристапни.

brickBRICK

Рбетот за кабли Brick нуди секојдневно и вообичаено решение за организирање на каблите. Со монтирање на овој производ низ целата работна околина добивате во модерна и унифицирана естетика. Содржи два посебни канала кои ќе ви послужат да ги одвоите каблите по нивната функција. Еден рбет е составен од 14 делови кои по потреба можат да се отстранат со цел да се вклопат во саканата висина.

cable-grip

CABLE GRIP

Најуникатниот организер за кабли на пазарот, Cable Grip има интелигентен дизајн кој дозволува каблите да се заглават меѓу ушките на производот без употреба на било какви додатоци и лепила. Поставете ги овие држачи било каде за да ги ставите каблите под контрола, под или од страна на бирото, по ѕидовите, па дури и врз бирото. Едноставен за поставување, корисниците ќе можат лесно да му ја променат местоположбата во случај на промена на работната околина.

versaflapVERSAFLAP

Versa FLAP нуди убаво стилизиран излез заедно со подповршински струен модул со три шуко отвори, поставен под агол од 45 степени да се одбегне несакани течни полевања. Каблите лесно можат да се поврзат за модулот, додека капакот може да биде отворен или целосно затворен, со што се намалува пренатрупаноста, а се зголемува работниот простор. Идеален е за бироа и групни работни маси во училишта и библиотеки, како и за конференциски и хотелски простории.

VersaPADVERSAPAD

Versapad е компактен и разноличен електричен систем. Дизајниран е да се вгради во отвор со дијаметар од 80 мм, а благодарение на системот за отворање и затворање на капаците, работната површина секогаш ќе биде уредна и прегледна. Производот содржи 1 шуко отвор, 1 приклучок за мрежен кабел (1РЈ45), 1 USB приклучок. Идеален е за употреба во повеќе околини како канцеларии, барови, кујни и друго.

eclipseECLIPSE / OVAL

Отворите за кабли се дизајнирани за организација и контрола на каблите на работната површина на бироата како телефонски кабли, компјутерски кабли, кабли од iPad/iPhone, кабли од монитори и друго. Со елиминирање на купчето од кабли, канцелариската и домашната работна околина е посредена, побезбедна и поефикасна.

 

footer_vitrina