Atelier OPA, компанија од Токио, Јапонија дизајнираше куфери на тркалца што се трансофрмираат во практичен мебел којшто може да замени соба, пишува Inhabitat. Најновото издание е наречено Foldaway office, односно канцеларија на расклопување и е еден од трите проекти на Atelier OPA заедно со Guest room, гостинската соба и Kitchen, кујната.
Овој сет на лесни, мобилни и целосно функционални соби нудат практично решение за луѓето што живеат во густо населените градови, каде голем проблем е просторот. Сè што корисникот треба да направи е да го намести куферот каде сака и да го отвори. Кога дополнителната соба нема повеќе да ви треба, истиот може да се затвори и смести каде што нема да зафаќа простор.
Последната верзија од Foldaway office тежи 80 килограми, зафаќа само 0,52 cm2 во затворена положба, а кога ќе се отвори се добиваат 1.62 cm2.
Kenchikukagu е моментално достапен во Азија и Европа.