Зборови што клиентите не сакаат да ги чујат

46

zborovi

Фото: Pixabay

Постојат неколку зборови и фрази што можат да ви донесат само негативни поени кај клиентите. За да не направите грешка следниот пат, погледнете што треба да исклучите од вокабуларот и кои се најбезболните замени.

Ќе научите…

Освен ако не се пријавиле за учење на некоја лекција, клиентите не сакаат кога им предавате како да се во училиште или факултет. Наместо да им кажете дека ќе научат нешто, речете дека сакате да споделите нешто со нив.

Ќе купите

Овој збор создава една слика дека треба да дадат пари за одреден производ или услуга. Прво покажете им го бенефитот, па потоа наместо купите речете поседувате/имате

Совет

Освен ако не побараат, не се обидувајте да им давате совети. Ако сакате да ги упатите во одредена насока, можете да кажете Дека сте имале слично искуство порано и дека сте виделе дека тоа и тоа функционира.

Детали

Оставете ги деталите и наместо тривијални информации, дајте им на клиентите малку повеќе увид во нештата за подобро да разберат за што станува збор.

Можеби

Можеби никогаш не помага, без разлика дали продавате, помагате или презентирате нешто. Дајте им на клиентите факт што знаете дека е точен. Во спротивно речете дека треба малку повеќе да истражите со цел да им ја дадете најновата информација.

Очигледно

Она што е очигледно за вас, можеби нема да биде за клиентите. Одбегнете го зборот или ако морате да одите во таа насока, кажете веројатно.

Евтино/поевтино

Можеби имате најевтин производ или услуга, но сепак овој збор асоцира на низок квалитет. Наместо тоа употребете дека добиваат одлична вредност за парите или дека тоа што го нудите е достапно.

Конкуренцијата

Не треба да ја избегнувате конкуренцијата во целост, но ако треба да направите споредба, кажете други/а компанија/и…

Проблем

Самиот збор звучи негативно и асоцира на лоши работи. Сепак, ако е потребно, заменете го со предизвик.