Во Винарија Стоби, Градско, денеска Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија, беше домаќин на Б2Б вмрежување меѓу компании од сите осум региони во Македонија.
За време на кратките Б2Б состаноци, учесниците во проектот имаа можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки. Учесниците се забавуваа со активности за градење и јакнење на тим.
Г-ѓа Даниела Бојкова, регионален координатор на Проектот, ЦЕЕД Македонија, им се обрати на присутните: “Овде сме да се дружиме, да споделуваме искуства, да зборуваме за остварените нови партнерства, нови соработници, промени во начинот на работење, зголемена продажба, освоени нови пазари… Вмрежувањето е важно за бизнисот, особено за микро и мали компании како вашите, затоа остварувајте бизнис контакти и релации и одржувајте ги.”
Настаните за вмрежување се една од главните активности на Проектот за поттикнување на продажбата меѓу претприемачите од различни делови од Македонија.
Започнат од УСАИД во јули 2011 година, сега кофинансиран од Владата на Швајцарија, Проектот за микро и мали претпријатија, во вредност од 3,079,400 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат во осум региони, на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.