Кинеската JAC Motors размислува за производство на електрични возила во Бугарија

jac_motors

Кинеската компанија за производство на лесни и тешки возила JAC Motors ги испитува можностите за производство во Бугарија и влегување на европскиот пазар, пишува Investor.bg.

Компанијата која произведува електрични автомобили и електрични автобуси, смета дека Бугарија може да биде појдовна точка кон европските пазари. Од JAC Motors посочиле дека во случај на успешен старт, ќе биде разгледана и можноста за производство на возила при што ќе се користат компоненти произведени во Бугарија.