Црна Гора ќе произведува струја од отпад

70

otpad

Во Подгорица, Црна Гора, до крајот на оваа година или на почетокот на следната, треба да започне изградба на електрана којашто ќе произведува струја од отпад. Тоа ќе биде прва електрана од ваков вид во оваа земја, јавува РТЦГ.

Според директорот на градското претпријатие Депонија, Арсение Бољевиќ, има интерес за овој проект и од домашни и од странски фирми, а инвеститор ќе се бара преку тендер.

“Дозволата за управување со отпад нè обврзува на реализација на проекти коишто ќе влијаат на спречување на негативното влијание на депонијата врз животната средина. Еден од проектите е изградба на електрана за производство на електрична енергија од депониски гас, со цел да се валоризира неговиот енергетски потенцијал”, вели Бољевиќ.

Вредноста на планираната инвестиција изнесува околу два милиона евра.