Креативниот тим на Penda неодамна ги објави своите планови за изградба на станбен комплекс во Хајдерабад, Индија. Градбата ќе биде наречена Magic Breeze и ќе изобилува со зеленило, како на станбениот дел, така и во заедничкиот двор. Секој апартман ќе има тераса со своја градина, каде станарите ќе можат да одгледуваат зеленчук и разни тревки.
Комплексот ќе зафаќа површина од 42.000 метри квадратни, а за негова изградба ќе се погрижи компанијата Pooja Crafted Homes. Ќе се состои од 127 вили што ќе бидат со површина од 240 до 370 метри квадратни, а секоја од нив ќе има своја тераса од 46 метри квадратни.
Изобилството на растенија ќе овозможи комплексот да биде енергетски ефикасен, односно да заштеди 60% од потрошувачката на енергија. Градините ќе ја обезбедат потребната вентилација и ладење на градбата, што особено ќе биде добредојдено кога температурите ќе се искачат до 40 степени.
Конструкцијата е планирана да започне оваа есен.