Халк Банк донесе одлука за коригирање на каматните стапки на орочените депозити со каматна стапка над 4,50% и истите се во согласност со конкурентната пазарна понуда, стои во соопштението на банката.
Промената на каматната стапка, како што се наведува, ќе се применува од 01.07.2016 година, додека до 30.06.2016 година ќе се врши пресметка со постоечката каматна стапка.